Правилата се едноставни :
1.Ова е отворен форум и секој кој е заинтересиран за било каков спорт и секако типување , може да се зачлени !!
2.Членовите имаат слобода да отваарат теми , али на соодветни места ,пр. ако сакате да отворите тема за натпреварите од Премиер лигата кои се играат викендот , темата ќе ја отворите во форумот Фудбал->Премиерлига.Почетниот пост на темата мора да ја има датата на натпреварите и мора да ги има сите натпревари со коефициентите.Бидејќи мораме да знаеме за што станува збор !!
3.Членовите имаат должност да пишуваат типови или информации барем еднаш неделно, доколку не го почитуваат ова правило ,ќе бидат банирани !!
4.Постојат два вида на теми : Теми каде не се бара објаснување за дадениот тип и теми каде се бара објаснување за дадениот тип !!Пр.во темата “Сингл на денот„ не е потребно објаснување, тука само типот и сигурноста (1/10 , 5/10 , 10/10 итн.).Додека во темите “Премиерлига„,“Сериа А„ итн , е потребно објаснување , барем неколку збора за дадениот тип , али не во вид на “ Феенорд мора да победи , оти се појаки „ . Ваквите објаснувања нема да му помогнат на никој !!
5.Доколку имате прашања за форумот , иамте тема каде што можете да ги поставувате прашањата и тие ќе ви бидат одговорени во најкраток рок.Исто така можете да ја прашувате аднинистрацијата преку ПП( приватни пораки )!!
6.Ако ги почитувате правилата , ќе ќе можеме да функциоираме како целина и на тој начин да си ги зголемиме шансите за добивка , што всушност и е целта на овој форум !!Со среќа и се надевам на одлична соработка !!
TheChosenOne